Трансплантацијата на матични клетки важна за лекување на ХИВ

Од:

Кај британски пациент заразен со ХИВ, по трансплантација на матични клетки, вирусот најверојатно исчезнал односно повеќе не е детектиран и човекот прекинал да зема лекови, објави медицинското списание „Нејчр“.

Кај човекот познат како „Лондонски пациент“, ХИВ вирусот бил дијагностициран 2003 година. Девет години подоцна е откриено дека боледува од Хоџкинов лимфом. Матичните клетки за лекувањето ги добил од донор отпорен на ХИВ, што довело до ремисија на вирусот и лимфомот.

Истражувачите, сепак, напомнуваат дека е сѐ уште рано да се каже дека пациентот е „целосно излекуван од ХИВ”. Овој начин на лекување не е практичен за многумина кои се заразени од ХИВ, но би можело да помогне во пронаоѓање на лекот.

Лондончанецот веќе 18 месеци е во ремисија. Тој е втор пациент, лекуван на ваков начин, што завршил во ремисија. Пред 10 години во Берлин на првиот пациент, исто така, му беше трансплантирана коскена срцевина од донор природно имун на ХИВ.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Платформата за ХИВ бара неопходниот буџет за заштита на населението од ХИВ-инфекција