Топ 5 жени крадци за убавина

Од:

Некој краде за да јаде, некој за да се збогати, а некои краделе за да се разубават и потоа така убави, нормално, да заминат во затвор. Се разбира, овде мислиме на жените.
Можеби нема да ви се верува, ама постојат многу примери каде што жените би направиле се, за да дојдат до силиконски гради.

Еве и една ранг листа на „Топ 5“ крадачки кои успеале да си ги зголемат градите, да си ги избелат забите или да ослабнат со помош на пари добиени со грабеж.

На прво место е Рејчел Мартин, млада мајка, обвинета за кражба на 46.000 долари што ги искористила за липосукција, силиконски гради и белење на забите. Да биде иронијата поголема, само што завршила со сите тие процедури и ги потрошила сите пари, била фатена и пратена во затвор во топ форма.

Втора е Кристи Хејли (23), обвинета за поседување на големо количество марихуана. Таа изјавила пред полицијата дека канабисот бил наменет за продажба. 16.000 долари била неговата вредност доколку бил продаден, а 8.000 долари од тие пари планирала да ги потроши за зголемување на своите гради.

Менди Лоренц (23) ограбила тројца свои колеги со кои работела во банката заканувајќи им се со нож на крајот од работното време, при што им зела вкупно 95.000 долари. Истиот тој ден по завршувањето на работата требало да оди на операција, а немала пари да плати.
Таа е трета на листата затоа што направила кривично дело за да си дозволи силиконски гради.

Четврта на листата е адвокатката Вероника Хиланд (50). Таа измамила една своја клиентка, слепа вцовица чии пари и биле на располагање. За два месеци адвокатката успеала да си купи нов автомобил, накит и „гради“. Била откриена откако медицинската сестра што ја негувала старицата ја пријавила.

Последна во „Топ 5“ – жени крадачки за силикони е Ивон Пампелон. Неколку кредитни картички ги „олеснила“ за 15.000 долари користејќи лажно име. Потоа право во приватна клиника да си купи гради, па право во затвор.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум