Топ 5 приватни острови на милијардерите

Од:

Малкумина луѓе во светот можат да бидат горди што имаат свој личен остров. Сепак, кога се има многу пари, може да се дозволи и вакво задоволство. Некои милијардери немаат само мал дел од рајот, туку тие успеале овие егзотични дестинации да си ги вклопат и во својот бизнис план.

Ви преставуваме 5 острови, најскапите „детали“ за нивните сопственици

1. Островот Робинс, Њујорк 

Цена: 11 милиони долари 

На аукција по банкротот на претходниот сопственик во 1993 година, Мур Бекон платил 11 милиони долари за островот Робинс, кој се наоѓа во близина на Лонг Ајленд во Њујорк.

Тој досега инвестираше милиони во уреди, опрема и декорација на ова негово засолниште.

Само за зачувување на околината и заштита на загрозените видови на островот овој милијардер платил 1,1 милиони долари. Минатиот јануари тој доби и награда за заштита на околината.

Овде тој си изгради и куќа за неговото семејство и аеродром за хеликоптери.

2. Островот Алан, Вашингтон 

Цена: 13.5 милиони долари 

Еден од основачите на компанијата „Микрософт“, Пол Ален го купи островот Алан во 1992 година за 13, 5 милиони долари, но во 2005 година неговата вредност беше проценета на 25 милиони.

Островот го добил своето име по херој од американската морнарица и се наоѓа во архипелагот Сен Хуанс во Тихиот океан.

Алан, наводно го купил островот за да си изгради викендичка, но тоа не се случи. Само инсталацијата на струја на островот ќе го чини околу 3 милиони долари. Затоа тој си изгради куќа на соседниот остров Лопез.

3. Островот Џејмс, Канада 

Цена: 75.1 милиони долари 

Веќе 18 години како островот Џејмс престана да биде место каде се произведуваат експлозивни материи и функционира како ексклузивно одмаралиште.

Американскиот милијардер Крег Мека сака да го продаде по цена од 75, 1 милион долари, а го има купено во 1994 година за „само“ 19 милиони. Во меѓувреме овде тој изгради огромна куќа за себе, шест луксузни куќи за гости, базен, приватно пристаниште и терени за голф.

На островот има библиотека, теретана и магацин. Пушењето на островот е забрането.

4. Островот Некер, Британски девствени острови

Цена: 100 милиони долари

Контроверзниот британски милијардер од „Вирџин груп“ го купил овој остров за околу 290.000 долари во 1978 година. Сега неговата вредност се проценува на околу 100 милиони.

Од пуст остров ова стана одмаралиште од соништата.

Сопственикот Ричард Бренсон овде може да смести 28 луѓе. Островот се издава, па ако сакате да поминете една недела на островот, соба ќе ве чини 35.000 долари, додека целиот остров се изнајмува за 50.000 по ноќ.

На островот постојат повеќе од 200 фламинга, а за 2. 500 долари гостите ќе можат да уживаат во авантура со подморница за три лица.

5. Островот Ланаи, Хаваи 

Цена: 500 – 600 милиони долари 

Лари Елисон, третиот најбогат човек во Америка и шести во светот според листата на „Форбс“, во јуни го купи островот Ланаи од Дејвид Мурдок.

На него се наоѓаат плантажи со ананас, а живеат дури 3.000 луѓе. Туристите го посетуваат поради двете одморалишта со голф терени и луксузни вили.

Елисон ги поседува овие две одморалишта, а 2 % од островот се сопственост на локалните жители и власти.

Поранешниот сопственик, Мардок го задржа правото на ветерниците од кои се произведува електрична енергија во северозападниот дел на островот

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ