Лондонски такси возач Дејвид Викс одлучил за време на Олимписките игри своето возило да го претвори во подвижен кревет.
Викс своето традиционално црно такси возило го претворил во конфорен кревет со покривка со дезен на знамето на Велика Британија, а ноќевањето во него го наплатува 50 фунти.
Голем број таксисти во Лондон сметаат дека за време на Олимписките игри, од 27 јули до 12 август, ќе имаат помалку работа поради големиот метеж низ улиците и забраните за користење на лентите наменети за возилата кои ќе ги превезуваат спортистите и важните гости на Игрите.
Тие поради тоа неодамна протестираа и бараа да им се овозможи да возат низ „Олимписки ленти“.