Тајните на долгогодишните среќни двојки

Од:

Успехот на долгогодишните љубовни врски се должи на меѓусебната доверба и разбирање, како и грижата еден за друг.

1. Никогаш немојте да ја потценувате важноста на разговорот за обичните секојдневни работи. Разговарајте со партнерот како сте го поминале денот.

2. Некои караници се токму тоа – само караници и секоја караница не оди до раскинување. Несогласувањата и караниците се нормален составен дел од секоја врска.

3. Прифатете го фактот дека со врската доаѓат и обврските. Ако ништо друго, согласете се на компромиси. Не може секогаш да биде како што вие сакате.

4. Бидете секогаш искрени еден према друг. Кога лагата ќе ви стане навика, влегувате во маѓепсан круг каде тешко се наоѓа излез.

5. Изненадувајте се еден со друг со ситници кои можат да ве расположат. Понекогаш доволно е мал знак на внимание кое ќе покаже дека некој мисли на вас.

6. Немојте да ги форсирате излегувањата со други двојки ако двојките не се пријатели. Само затоа што сте во врска, не морате да имате идентичен круг на пријатели.

7. Бакнувајте се за средбите и на разделбите. Мала нежност ја освежува вашата врска од ден на ден.

8. Секогаш имајте време еден за друг.

9. Почитувајте го семејството на партнерот како свое. Не морате со нив да бидете најдобри на свет, но одржувајте блиски и коректни односи.

10. „Те сакам“, подобро е да се слуша почесто, отколку премалку.

11. Имајте разбирање за проблемите на партнерот, за чувствата, за болестите или едноставно за лошите денови и бидете му поддршка, како и тој вас.

12. Поделете ги обврските во домот и бидете подготвени на отстапки кога е потребно.

13. Внимавајте да не ја преминете границата на добриот вкус кога во прашање е хуморот. Тој е ваш партнер и треба да се однесувате еден кон друг со почитување и благодарност.

14. Почитувајте договорено време и немојте да доцните.

15. Кога е потребно, застанете во одбрана на својот партнер. Вашата поддршка ќе му значи многу повеќе од било што друго.

16. Слободно креирајте ги сопствените планови, но водите сметка вашиот партнер да биде запознаен со нив.

17. Одбегнувајте ги караниците во текот на патувањата. Дури и ако нешто тргне лошо, таму сте за да градите убви успомени.

18. Бидете спонтани. Од време на време, направете нешто што никогаш не сте правеле пред тоа. Избегнувајте рутина, во врската е од клучна важност. важност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ