Тајната на косата на Доналд Трамп е во лекот за простата

Од:

Американскиот лекар Харолд Борнстајн за весникот „Њујорк Тајмс“ изјави дека тајната на косата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, е во лекот за простата што тој го користи.

Трамп (70) подолго време го употребува лекот „Финастерид“, чија функција е да го спречува растењето и зголемувањето на простатата, но лекот како нусефект го има потикнувањето на растењето на косата.

Борнстајн тврди дека косата на претседателот Трамп е природна и негова и дека тоа се однесува и на нејзината боја.

Сето тоа е овозможено благодарејќи на малите дози од овој специјален антиген, што во основа треба да ја држи под контрола големината на простатата.

Борнстајн е долгогодишен личен лекар на Трамп. Тој и самиот го користи истиот лек, па за весникот вели дека затоа ја „има зачувано својата коса“.

Весникот пишува дека прашањето за коста на Трамп и за нејзината боја од поодамна е присутно во американската јавност, а одново се покрена откако овој њујоршки милијардер одлучи да стане политичар.

Американците од секогаш ги интересирало на кој начин и покрај својата возраст, Трамп ја има зачувано косата, забележува „Њујрк Тајмс“, потсетувајќи дека многумина во САД веруваат дека за таква боја на косата, каква што има новиот претседател, веројатно користи некоја боја.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп