Свазиленд забрани мини здолништа

Од:

Полицијата во Свазиланд им забрани на жените во таа африканска монархија да носат мини здолништа и куси маици затоа што поттикнуваат на силување, јавија денеска локалните медиуми.

Оние кои нема да ја послушаат оваа наредба може да завршат во затвор на шест месеци.

– Силувањето е олеснето затоа што е полесно да се соблечат оние малку работи кои жените ги носат, рече портпаролката на полицијата, Венди Хлета.

Забраната се однесува и на панталони со низок струк. – Оние кои ги носат ќе бидат уапсенаи, предупреди Хлета.

Хлета рече дека жените кои носат таква облека сами се одговорни за нападите врз нив или за силување. – Прочитав на социјалните мрежи дека мажите па дури и жените имаат тенденција да ги „соблекуваат луѓето во мислите“. Тоа станува многу полесно кога облеката е тесна или открива премногу, рече Хлета.

Забраната, меѓутоа, не се однесува на традиционалните костими кои младите жени ги носат во текот на церемониите, како годишниот танц на кој кралот Мсвати трети избира сопруга.

Овој монарх веќе има 13 жени.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските