Секоја свадба ја одбележуваат неколку суеверија, кои сите свесно или несвесно ги почитуваат.
Со текот на времето дел од овие свадбени адети полека исчезнуваат, но многумина се уште ги практикуваат.
Прочитајте дел од најинтересните свадбени суеверија и потсетете се дали дел од нив ги имавте и на вашата свадба.
Младоженецот не смее да го види фустанот на невестата пред свадбата
Невестата прагот треба да премине прагот со десната нога
Бројот на бонбончињата кои кумата ги фрла пред црквата треба да биде непарен
На патот до црквата не треба да се пресекува патот на невестата и младоженецот
Кој прв ќе стапне на тепихот пред олтарот ќе командува во семејството
Невестата треба да се чува, за да не се види со друга невеста, а ако се случи тоа двете треба да си разменат по нешто
Невестата треба да внимава да не се сопне кога го поминува прагот на новиот дом, затоа е подобро младоженецот да ја пренесе на раце
Свадбениот фустан не треба да се пере во првата година од бракот