Велика Британија деновиве ги соопшти деталите од планот за изградба на пруга за супер-брзи возови, која ќе ги поврзува Лондон и северот на Англија, а по која ќе се патува со брзина до 360 километари на час.
Проектот „Хај спид 2“ (High Speed 2) треба да биде завршен до 2032 година, а ќе чини 32,7 милијарди фунти. Со него ќе се обезбедат 100.000 работни места, а времето за патување ќе биде преполовено.
Ова е првата железничка пруга што во последните 100 година ќе се гради северно од Лондон, а според соопштение на британската влада, ќе претставува благодет и за околината и за економијата.
Противниците на изградбата на пругата, меѓутоа, изјавуваат дека таа ќе ги уништи живописните предели.
Првиот дел од пругата ќе биде долг 225 километри.