Стресот го забавува метаболизмот

Од:

Истражувањето спроведено со учество на 58 испитаници покажува дека стресот може да го забави метаболизмот и да доведе до зголемување на телесната маса.

Учесниците во студијата на американските истражувачи од Универзитетот Охајо биле на просечна возраст од 53 години.

Утврдено е дека присутноста на стрес во претходните 24 часа кај испитаниците било поврзано со согорување на 104 калории помалку во период од седум часа по оброкот.

Според стручното списание „Biological Psychiatry“, секојдневната изложеност на стрес во текот на една година би можело да доведе до зголемување на телесната маса до пет килограми.

Кај жените изложени на стрес е воочена и поголемата присутност на инсулин, исто така еден од факторите кои придонесуваат за складирање на масните наслаги во организмот.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Пет утрински навики кои му пречат на слабеењето

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска