Сто дена се снимал како танцува иста точка, но на различно место

Од:

Мет Бреј сними видео каде танцува иста точка сто дена. Финтата е во тоа што танцувал на сто различни места, а потоа сите снимки ги монтирал во едно видео.

Ова е дел од неговиот серијал ProjectOneLife, кое го објавува на ЈуТјуб каналот посветен на „живеење на животот до максимум“. Тој самиот се држи до тоа мото така што ги исполнува различните предизвици кои си ги задава.

Засега од својот список на предизвици може да ги прешкрта учењето на сноуборд, дружење со мајмун и уривање на Гинисовиот рекорд во седење на најмногу „whoopee cushions“ (играчка која произведува звук кој настанува кога човекот испушта гас).

Кога станува збор за ова видео, на ЈуТјуб напишал дека му требале неколку месеци за да избере совршена музичка подлога за неговиот танц и да ја научи кореографијата која ја осмислил.

Иако ова видео ги освои гледачите во делот од светот, Бреј тврди дека нема причина за славење затоа што заради него не е исполнет ниеден предизвик кој го поставил, дури ни оној дека ќе научи да танцува. Како што рече, мисли дека ова технички не е танц.

– Научив некои кул движења, но мислам дека се уште не дојдов до тој степен каде може да се сметам за добар танчер, така што таа мисија ќе ја оставам за некоја друга прилика, напиша тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ