Стивен Сигал веќе нема гајле во Русија, му дадоа партиска книшка

Од:

Американскиот актер и мајстор во боречки вештини, Стивен Сигал, доби членска книшка од руска политичка партија која ја поддржува власта на претседателот Владимир Путин, јавија локалните медиуми.

Сигал ја прими членската книшка на партијата Праведна Русија – Патриоти – За вистината, која беше создадена оваа година, со спојување на три помали провладини партии.

Актерот има руско државјанство од 2016 година, а во повеќе наврати го има наречено Путин свој пријател, со кого ја делат љубовта кон боречките вештини.

Тоа не беше случајност, затоа што Сигал уште три години претходно јавно го фалеше рускиот лидер, нарекувајќи го „еден од најголемите светски водачи“.

Минатиот месец, ѕвездата од акциските филмови дури во име на Русија ја посети Венецуела и на тамошниот претседател Николас Мадуро му подари самурајски меч.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски