Поранешниот учесник во реалното шоу Задруга Стефан Кариќ денеска во полициската станица во Сремска Митровица се предал на полиција како главен осомничен за претепувањето на старлетата Наташа Шавија. Според неговиот адвокат Горан Карадаревиќ, тој се наоѓа во притвор и се соочува со затворска казна до 5 години.
– Има многу работи кои не се прецизно пренесени. Стефан во следните денови ќе биде изведен пред обвинител. Сега тој е во притвор 48 часа и ќе видиме какви ќе бидат предлозите поврзани со притворот. Тој не даде никакви изјави, а она што ми го кажа беше наш доверлив разговор. Ќе видиме каков ќе биде исходот, доколку се докаже се во врска со повредите казната е шест месеци од пет години затвор. Добро се чувствува, подготвен е за се што го очекува во наредниот период. Не му била доставена покана, само била издадена наредба за претрес. Полицијата го прави тоа непотребно во пракса. Тој и бранителот соодветно одговорија како што требаше. Не можам да кажам дали бил во алкохолизирана состојба, тоа ќе го оставиме за друг разговор, изјави адвокатот на Стефан за српските медиуми.
На социјалната мрежа Инстаграм се огласи таткото на Стефан, Осман. Тој сподели слика од пристигнувањето на Стефан во полициската управа и ги напиша следните зборови:
– Сине, ќе бидам тука за тебе и во добри и во лоши моменти. Тато те сака – напиша Осман.
Инаку, претепаната девојка денеска беше оперирана. Таа по операцијата кажа дека и е драго што криминалецот повеќе не е на слобода.