Популарниот знак со две точки црта и затворена заграда, емотиконот „смајли“ денес полни 30 години.
Првиот таков знак беше испратен во септември 1982 година од научникот на американскиот универзитет Карнеги, Скот Фалман, по што и започна „револуцијата“.
Неговата историска порака се изгубила во архивата, но на 10.септември 2002 година, по макотрпна потрага во неговиот комјутер од експерти кои тој самиот ги повикал, пронајден е еден стар запис, со кој се потврди дека токму тој е првиот што го искористил овој знак за да каже нешто.
Научникот предложил да се користат симболите smile и frown, што набрзо беше широко прифатено и започнаа да се разликуваат шегите, насмевиките или пак тажните ситуации,
Потоа следеше и бран нови сликички исцртaни заради полесна комуникација.