Среќата се намалува со годините поминати во бракот, криза по десет години

Од:

Среќата во бракот почнува да се намалува веднаш по венчавката, но спротивно на урбаниот мит, кризата не настапува во седмата година, туку меѓу десеттата и 15 година од бракот, покажува истражувањето на научниците од универзитетот Бригам Јанг во Јута.

Истражувањето е спроведено на повеќе од 2.500 жени, кои одговарале на прашања за квалитетот на нивниот брак од „судбоносното да“ до 35-годишнината.

Жените родени кон крајот на 50-те и почетокот на ’60-те години од минатиот век, кои се омажиле во дваесеттите години од животот, одговарале на прашања за тоа колку често со мажите се расправаат околу домашните работи, воспитувањето на децата, нивните излегувања и гледањето во други жени.

Одговорите покажале дека во повеќето бракови среќата и комункацијата се движат по надолна линија од самиот почеток и оти никогаш не се подобруваат.

Околу 65 проценти од жените изјавиле дека со годините поминати во бракот нивото на среќата, кое го чувствувале било се помало, а 85 проценти изјавиле дека се помалку време поминуваат во разговор и смеење со сопругот.

Првата опаснот за врската доаѓа по десет години брак.

Резултатите од истражувањето на американските научници, објавени во списанието „Сојшл сајнс рисрч“, покажуваат дека несогласувањата, кавгите и тензиите својата кулминација ја достигнуваат меѓу десеттата и 15-та година од бракот.

За оние кои успешно ќе ги пребродат критичните години, работите потоа се движат во нагорна линија, а за оние кои навистина се трпеливи браковите околу 35-годишнината им стануваат хармонични како на почетокот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ