Брус Спрингстрин и Бон Џови ќе одржат хуманитарен концерт за жртвите од ураганот Сенди, посебно оние од Њу Џерси, државата која најтешко била погодена со невремето, и од која потекнуваат обајцата пејачи.
На концертот покрај нив ќе настапи и Били Џоел, кој пак по потекло е од Лонг Ајленд, њујоршкиот дел од градот кој исто така претрпел голема штета во налетот на ураганот.
Меѓу останатите изведувачи организаторите ја најавиле Кристина Агилера, Стинг и Џими Фалон. На концертот кој Спрингстрин неодамна го одржал во Њујорк, посебно и се заблагодарил на полицијата, противпожарната служба и официјалните лица кои им помогнале на жителите од Њу Џерси.