Спијте голи и ќе бидете посреќни

Од:

Тајната на љубовната среќа се крие во голотијата, утврди студијата на американската организација „Котон УСА“ спроведена на 1004 лица. Имено, двојките кои спијат голи се посреќни од оние кои спијат во пижами.

Дури 57 отсто од нудистите во кревет се задоволни во врската во однос на 48 отсто од оние во пижами, 43 отсто од оние кои носат ноќници односно боксерки и 38 отсто од оние кои спијат во едноделни пижами.Еден од десет луѓе спијат голи, а половина од нив се постари од 55 години.

„Многу фактори влијаат на брачната среќа, но за оние од спалната соба луѓето најчесто прават превид. Постелнината е нежна за кожата и луѓето во неа се чувствуваат удобно и се поотворени за интимност,“ се вели во истражувањето.

Освен изборот на облека, на среќата на врската влијаат и манирите на партнерот во спалната соба. На многу луѓе им пречи што партнерот јаде во креветот, 59 отсто од нив не поднесуваа валкани алишта на под, а една петина не поднесуваат што партнерот носи чорапи во кревет.

Би можело да ве интересира

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ