Фотографот Џорџ Стајнмец ги обиколил речиси сите пустини во светот сакајќи да ги види од ваздух, а во неговите потфати е следен од камера со која се бележени сите спектакуларни глетки.
Врзан за моторизиран параглајдер, Стајнмец ги фотографирал речиси сите пустини на светот, а делата ги објавил во книгата „Пустински воздух“ (Desert Air).
Овој фотограф на „Нејшенел Џеографик“ (National Geographic) земјата ја има прикажано онаква каква што се уште ја немаме видено.
Неговото летало е најлесното и најбавното моторизирано летало на светот и му овозможува да се приближи на тлото, а да не го допре.
Се што му е потребно се околу 10 литри гориво што му овозможуваат лет од околу два час.
Тој го има обиколено речиси целиот свет, а сега му е целта од воздух да ги фотографира Менхетн и Тибет.