Здрава, слатка, ароматична, мирислива …
Потребно е:
за бисквитното тесто:
2 моркови, изрендани
4 поголеми јајца, на собна температура
60 мл масло
180 мл растопен путер
1 лажиче екстракт од ванила
280 гр брашно (пола меко, пола остро)
400 гр шеќер
2 лажичиња прашок за печење
1 лажица цимет во прав
прстофат каранфилчиња
прстофат мелено морско оревче
прстофат сол
за кремот:
450 гр крем сирење, на собна температура
110 гр путер, на собна температура
250 гр шеќер во прав
неколку капки екстракт од ванила
Подготовка:
– Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени.
– Намастете ја тавата за печење и обложете ја со хартија за печење.
– За бисквитното тесто во едн сад измешајте ги брашното, зачините, шеќерот, прашокот за печење и солта.
– Во друг сад пенесто изматете ги јајцата, потоа постепено додадете ги маслото, путерот и екстрактот од ванила.
– Додадете ги сувите состојки и полека мешајте додека да добиете хомогена смеса.
– Постепено додадете ги морковите и сувото грозје и убаво измешајте.
– Смесата поделете ја на два дела, за две бисквитни теста. Печете ги посебно.
– Печете ги во загреана рерна 30-35 минути, додека да добијат убава боја. Оставете да се исладат.
– За кремот во еден сад изматете ги со најмала брзина путерот, сирењето, шеќерот и екстрактот од ванила.
– Половина од кремот намачкајте го на едната кора. Одозгора ставете ја втората кора и повторно намачкајте со остатокот од кремот.
– Исечете ја на парчиња и послужете.