Сопственик на ресторан забрани бакнување

Од:

Сопственик на еден ресторан во близина на железничката станица во Инсбрук, воведе забрана за бакнување на гостите.

„Поради почит кон нашите вработени и странските гости Ве молиме да се воздржите од размената на нежности“,стои во пораката напишана на ѕидот од ресторанот.

До Стопанската комора на покраината Тирол веќе пристигнале неколку жалби од парови кои биле исфрлени од расторанот, потврди шефот на одделението за туризам, Петер Трост.

Врз основа на пријавите, комората контактираше со сопственикот, кој потенцираше дека не е проблем доколку паровите се држат за раце или бакнат пред да си заминат.

Меѓутоа угостителот Керамедин Коркмаз, инсистира на забраната, додавајќи дека гостите се предупредени доколку раменуваат нежности и доколку не престанат, ги замолуваат да го напуштат објектот.

Стопанската комора укажува дека угостителите имаат право да ги замолат гостите кои непристојно се однесуваат да ги напуштат локалите, меѓутоа не е дозволена дискриминација на основа на етничката припадност, полот или хендикепот.

По веста за ресторанот во кој е забрането бакнувањето, формирани се форуми кои ги повикуваат луѓето на кршење на оваа забрана, а најавено е и масовно бакнување.

Сопственикот чиј локал успешно работи веќе 11 години, изјави дека негова задача се квалитетот и хигиената во ресторанот, па според тоа очекува и убаво однесување од страна на гостите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ