Сопругата на Борис Бекер го нападна само што излезе од затвор: Тој е ѓавол

Од:

Затворот не го направи Борис подобра личност. Борис живее во свој свет каде се се врти околу Борис Бекер, изјави неговата поранешна сопруга за германски Билд.

Таа го нарече ѓавол, кој го напуштила својот син откако излегол од затвор, пренесува.

Шарли Керсенберг тврди дека трикратниот победник на Вимблдон престанал да плаќа издршка за нивниот син Амадеус.

Таа вели дека по ослободувањето не контактирал со Амадеус до Божик, кога разговарале цели две минути, а во овој момент не ја знае ниту адресата на која живее.

Борис Бекер неодамна беше ослободен од затворот во Обединетото Кралство каде беше осуден во април минатата година за криење на имот од 2,5 милиони фунти откако прогласи банкрот.

Иако е осуден на 30 месеци затвор, по отслужување на четвртина од казната е ослободен и депортиран во родната Германија.

Шарли Керсенберг, позната и како Лили Бекер, рече дека нејзиниот сопруг може да биде шармантен и полн со љубов кога сака.

Воедно вели и дека знаел крајно да ја повреди со своите зборови.

– Затворот не го направи Борис подобра личност. Борис живее во свој свет каде се се врти околу Борис Бекер, изјави таа за германски Билд.
Таа вели дека тепачките почнале откако почнала да се еманципира во бракот и затоа што Бекер лажел за своите финансии.

– Не сум јас виновен што отиде во затвор. Си ја уништи сопствената репутација, нагласи таа.

Таа се пожалила дека на Бекер не му е грижа дали нивниот брак функционира добро или не, а порано имале искрена љубов.

– Борис ги сака своите деца и мајка си, но во форма во која љубовта му е можна, објасни таа.

По седум и пол месеци зад решетки, Борис Бекер за германската телевизија Сат1 изјави дека е убеден дека ќе го загуби животот во затворот Вандсворт.

– Некој за кој подоцна дознав дека е убиец, ги сакаше моите палто и пари. Тој рече дека ќе ме убие ако не го добие, рече тој.

Слична ситуација му се случила уште еднаш, кога друг убиец му рекол дека сака да го убие.

Би можело да ве интересира

Бекер откри што морал да направи за да преживее во затвор

Бекер: Сакаа да ме убијат

Бекер: Во затвор си само бројка

Борис Бекер пуштен од затвор и ќе биде депортиран од Велика Британија

Бекер ќе биде депортиран од Велика Британија

(ВИДЕО) Ѓоковиќ за Бекер: Срцето ми се кине