Бекер откри што морал да направи за да преживее во затвор

Од:

Поранешниот германски тениски ас Борис Бекер изјави дека морал да се спријатели со „лошите момчиња“ во затвор за да преживее, ветувајќи дека ќе го добие „петтиот сет од својот живот“.

Во интервју за „5 Live Breakfast“, трикратниот победник на Вимблдон изјави дека затворот е „вистинска казна“, но дека таму сфатил дека е „борец“, објави „Дејли мејл“.

Тој одлежа осум месеци затворска казна од две и пол години за криење на имот вреден неколку милиони фунти за да избегне плаќање долгови.

Казната ја отслужи во затворите Вандсворт во Лондон и Хантеркомб во Оксфордшир, а беше ослободен во декември, кога беше депортиран во Германија.

Германецот, кој живееше во Велика Британија од 2012 година, се очекуваше да отслужи половина од казната, но беше ослободен по осум месеци и не му е дозволен влез во Британија до 2024 година.

– Тоа е вистинска казна. Тоа е наменето да бидите казнет, да бидете затворен и секој што вели дека затворскиот живот не е тежок, лаже. Тоа е особено тежок живот за некој кој доаѓа од каде што доаѓам јас. Никогаш не сум бил затворен, така што тоа беше многу брутално, многу поинакво искуство од она што го гледате во филмовите или го слушате низ приказни, изјави Бекер.

Тој додаде дека бил принуден да се спријателува со „опасни момчиња“ во затворот за да го чуваат.

– Затворот е многу опасен. Незгодно место, секој ден се борите за опстанок, изјави Бекер.

Би можело да ве интересира

Сопругата на Борис Бекер го нападна само што излезе од затвор: Тој е ѓавол

Предраг Петровиќ

Бекер: Сакаа да ме убијат

Бекер: Во затвор си само бројка

Борис Бекер пуштен од затвор и ќе биде депортиран од Велика Британија

Бекер ќе биде депортиран од Велика Британија

(ВИДЕО) Ѓоковиќ за Бекер: Срцето ми се кине