Вториот по големина грчки град Солун е „преплавен“ од турски туристи, има редици пред родната куќа музеј на основачот на турската република Мустафа Кемал Ататурк, објави грчкиот сајт „Њуз ин“.
Музејот е трикатна куќа со двор во близина на Турскиот конзулат. Тој во моментот се реновира и официјално ќе биде отворен на почетокот од летото.
Грчките туроператори очекуваат годинава 90.000 туристи од Турција да го посетат Солун.