Жените се често несигурни во себе, па за да си ја вратат самодовербата бараат потврда од мажот, но со тоа често знаат да ја убијат желбата за секс кај посилната половина.
Ако често на партнерот му ги поставувате прашања од типот: „Дали сум згодна во ова?“, „Дали сум ти секси?“, „Погледни го овој вишок кога ќе облечам тесен фустан“ – индиректно влијаете на тоа кај вашиот партнер да „спласне“ желбата за секс.
„Вашиот партнер е убеден дека сте секси заводничка сè додека не го убедите во спротивното. Нормално е понекогаш да се почувствувате несигурни, но не е нормално цело време да се критикувате себеси и со тоа да го оптоварувате партнерот. Со толкавото потенцирање на вашите, а за партнерот невидливи маани, ги правите уште позабележливи и поголеми“, тврдат истражувачите.
– Големата самодоверба е најважна. Ако сакате да изградите добар однос со партнерот, мора да се изборите со сопствената несигурност. Мажите обично ве прифаќаат онакви какви што сте, но тоа многу жени често го забораваат – потсетуваат експертите.
Колку што е важна самодовербата за опстанок на врската, толку е и важна за здрав сексуален живот.