Со еротски календар до училишен превоз

Од:

Група мајки од Шпанија се сликале за еротски календар за да соберат пари за школски автобус за нивните деца.

За помалку од еден месец, “Очајните домаќинки” успеале да соберат доволно пари за да платат превоз за наредните три месеци. Скудно облечените мајки на Фотографиите на календарот се качуваат по карпи и туркаат количка на нечиста патека за да илустрираат пат долг шест километри кој нивните деца секое утро мораат да го поминат.

Идејата за календарот се појави по воведувањето на мерките за штедење во јули, со што е намален буџетот за школскиот автобус во областа Монсерат во Валенсија во источна Шпанија. Според шпанскиот закон, владата е обврзана обезбеди превоз доколку учениците живеат подалеку од три километри од училиштето.

Меѓутоа, според новите правила, тоа растојание мора да се пресмета праволиниски, што значи дека училиштето “Evaristo Kalajatud” во Валенсија веќе не можеше да смета на школскиот превоз.

Една од мајките, Силвија Лукас рекла дека календарот во соседството баш и не бил за сечиј вкус, но дека немале друг избор.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата