Ученици од основните училишта од Скопје и други градови низ државата од 11 до 28 овој месец ќе учествуваат во традиционалните детски
Детскиот културен центар „Карпош“ информира дека Снежниот град ќе се гради од 11 до 16 февруари, а потоа ќе биде отворен за посетителите, со што ќе почне вториот дел од манифестацијата „Снежен караван“.
Учениците ќе бидат во екипи од по десетина деца со свој ментор.
Во рамки на манифестацијата се одржуваат и други активности од креативно-рекреативен карактер како „Снежната квизотека“, избор на Снежна убавица, Снежен крос, Најсладка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и забава за учесниците на „Снежниот град“.