Словенец во поход на Северниот Пол

Од:

Словенечкиот фотограф и пилот Матевж Ленарчиќ вчера рано изутрината полета со мал авион „пипистрел вирус СВ“ кон Северниот Пол.

Летот ќе биде извршен во десет етапи, преку Норвешка, Северниот Пол и Канада, а потоа преку Линдберговиот пат назад во татковината.

Ленарчиќ (54) во Словенија би требало да се врати за четири недели во зависност од временските прилики.

За време на патувањето тој изјави дека ќе ги мери загадувањето и ефектите на глобалното затоплување. Овој алпинист, параглајдер и фотограф е првата личност, која летала со ултралесен авион без копилот или дополнителна поддршка во 2004 година.

Авионот е долг 6,5 метри, има распон на крила од 10,7 метри, празен е тежок 290 килограми, а достигнува брзина до 300 километри на час. Леталото поради студот е прилагодено за зимски услови.

Ленарчиќ минатата година со истиот авион ја обиколи Земјата и беше првиот Словенец, кој слетал на Антарктикот и го прелетал Монт Еверест.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ