За подобро помнење, луѓето би направиле се, па така се измислени илјадници начини, методи, формули. Да проследиме еден старински, народен рецепт којшто е и корисен за Вашата меморија, и сладок при консумација…
Состојки:
– 500 грама ореви,
– Еден килограм мед,
– Половина килограм морков,
– Два лимона,
– 50 грама рен.
Подготовка: Во медот додајте ги оревите сомлени, ситно изрендан или измиксиран морков, лимонов сок и изрендан рен. Смесата чувајте ја во тегла.
Се зема по една лажица пред секој оброк.