Скопската зоолошка ќе добие два слона

Од:

По 26 години Зоолошката градина во Скопје ќе добие два слона. Се работи за женки, едната африканска, а другата азиска, кои од Белгија треба да пристигнат на 15 или 16 овој месец.

Како што информира Зоолошка градина Скопје, азискиот слон е најголем од неговиот вид во Европа. Слоновите откако ќе пристигнат ќе бидат 21 ден во карантин во нивното живеалиште во Зоолошката градина. На почетокот на септември се предвидува отворање на живеалиштето, кое е направено по стандарди и проверено е од ЕАЗА-Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми.

Кон крајот на септември во Зоолошката градина треба да простигнат четири шимпанза, меѓу кои е и Коко кој беше на рехабилитација и ресоцијализација во Холандија.

Од Зоолошката градина најавуваат дека ќе донесат и други езгзотични животни.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ