„Скопје Креатива 2015“ од 16 до 20 септември

Од:

Под мотото „Скопје – мојот град!“, од 16 до 20 септември на Плаја Виста ќе се одржи Фестивалот за креативни индустрии „Скопје Креатива 2015“.

Во четирите фестивалски денови ќе се одржат презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми/дебати. Посетителите ќе имаат можност да учествуваат на настани поврзани со филмски и видео перформанси и театар, додека во вечерните часови ќе може да уживаат во музика. Дел од програмата се и работилници за развивање на креативноста кај дечињата.

„Скопје Креатива“ е проект под покровителство на Град Скопје, а во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“ – Скопје.

– Проектот е особено значаен заради промоцијата на млади македонски креативци надвор од Македонија, што е едно од главните приоритети за нас, организаторите. Ако на тоа се придодаде меѓународниот карактер, можеме да заклучиме дека „Скопје Креатива“ нуди една поинаква приказна, што уште еднаш ќе се докаже со програмата која ќе ја понудиме и оваа година, рече на денешната прес-конференција Вера Бошковска, директор на Конгресниот центар „Александар Македонски“.

Лазе Трипков, програмски директор на „Скопје Креатива 2015“ информира дека годинава ќе ги опфатат сите креативни сектори- продукт дизајнот, индустрискиот и графичкиот дизајн, како и модниот дизајн.

– Застапени ќе бидат и видео и театарската уметност и мултимедиите, а отвораме и единствен Поп-ап стор. Ја носиме суператрактивната изложба на School of Visual Arts, која вклучува дела од Милтој Глејзер, Стефан Загмајстер, Мирко Илиќ, Сејмур Хваст, а учество ќе земат и светски познатиот млад дизајнер Бајтлик, чија кариера почна од Скопје постер фестивалот, но и ред други настани кои ќе инспираат, мотивираат и стимулираат, рече Трипков.

Фестивалот ќе биде од отворен карактер. Сите настани ќе бидат бесплатни за заинтересираните кои ќе можат да се регистрираат преку веб страната www.skopjekreativa.mk и на е-маил адресата [email protected] 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето