Синтезис промовираат нов албум и монографија

Од:

Групата „Синтезис“ денеска ќе промовира нов албум „Остров“ како и монографијата „Синтезис – Патување низ музичкото време“ во клуб-ресторанот во МКЦ.

Албумот „Остров“ е осмиот албум на Синтезис, а е снимен во студиотот „Подрумот“. Продуценти се Синтезис и Ангел Ќосев, додека дизајнот е на Иван Дургутовски.

Издавач на албумот е SJF Records (Скопски џез фестивал), а специјален гостин е Влатко Стефановски.

Со монографијата се одбележува 20-годишнината од постоењето на групата, а автор е Милан Банов. Подготовката и дизајнот се на Горан Атанасовски, а издавач е Интермедиа.

Би можело да ве интересира

Промоција на проектот „Ој девојче“ на диџеј Деловски и етно групата Синтезис

Синтезис со концерт ќе прослави 25 години артистичка кариера

Ана Ололовска

Концерт на „Синтезис“ за роденденот на „Охридско лето“

Ана Ололовска