Шварценегер откри дека неговата мајка плачела затоа што како мал имал слики од мажи на својот ѕид

Од:

Кога Арнолд Шварценегер се стремел да стане светски познат бодибилдер, постери со боксери, борачи и шампиони во бодибилдинг ги украсувале ѕидовите на неговата спална соба додека растел.

„Мајка ми секогаш гледаше во тој ѕид и велеше: „Сите твои пријатели имаат слики од девојки. Каде згрешив“, изјави Шварценегер во преполната соба во театарот Дејвид Гефен во Лос Анџелес.

„И ќе плачеше. Плачеше пред ѕидот секој ден додека не го повика докторот, нашиот матичен лекар“, рече Шварценегер за загриженоста на неговата мајка поради неговите постери.

Шварценегер се присети дека докторот и рекол дека нема за што да се грижи.

„Конечно рече, не, ова е сосема нормално за децата на оваа возраст. Тие обожаваат мажи кои се силни. Не грижете се за тоа. Тој не е геј“, рече Шварценегер и додаде: „Тоа беше нивниот најголем страв“.

Шварценегер рече дека кога се заинтересирал за бодибилдингот, ѕвездата на „Херкулес“ Стив Ривс и англискиот бодибилдер Рег Парк станале негови идоли и почнал да чита се што може за спортот и да следи се што прават.

„Кога ќе прочитав дека Рег Парк вежба пет часа дневно, крева големи тежини и прави 50, 60 серии вежби и крева 50 тони тегови дневно, јас ќе го направев истото“, рече Шварценегер.

„Моите родители мислеа дека сум малку болен во главата и мислеа дека претерувам и сум опседнат, а тоа дека е лошо за моето здравје“, додаде тој.

Шварценегер стана најмладиот Мистер Универзум во 1967 година на 20-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Шварценегер приведен на аеродромот во Минхен

Шварценегер никогаш поискрен, призна дека повеќе не може да се гледа во огледало: „Тажно е“

Предраг Петровиќ

Шварценегер на итна операција на срцето

Наум Локоски