Бројот на ноќевањата во швајцарските хотели повторно во февруари забележа пад и тоа пред се поради намалената посета на странски гости, соопшти националниот Статистички завод.
Во швајцарските хотели бројот на ноќевањата во февруари се намалил за 1,4 отсто во однос на истиот период претходната година, на три милиони.
Намалувањето на бројот на ноќевањата претставниците на швајцарскиот туризам го појаснуваат со тоа што 2012. била претспана година, така што февруари траел еден ден подолго од ова година.
Бројот на ноќевањата на странски туристи во швајцарските хотели минатиот месец се намалил за 2,5 отсто на 1,5 милиони, додека од друга страна таа бројка кога станува збор за домашните туристи е зголемена за 0,5 отсто.
Минатата година бројот на ноќевања во хотелите во Швајцарија се намалил за два отсто во однос на 2011.