Швајцарски кантон продава куќи по само еден франк

Од:

Локалните власти во италијанскиот кантон Тичино во Швајцарија продаваат куќи само за еден франк или 56 денари.

Тоа е симболична цена за недвижен имот. Главната цел е да се привлече ново население во Монти ди Скиага во близина на италијанската граница, пишува dnevnik.hr.

На продажба се девет камени куќи. По склучувањето на договорот, купувачите се обврзани да ги реновираат објектите според сите прописи во Швајцарија.

Куќите се наоѓаат во идиличен амбиент со поглед на езерото Маџоре и имаат достапни водоводни инсталации, што значително го олеснува преуредувањето.

Монте ди Скиага е уште едно европско село со евтини цени на недвижнините кои се обидуваат да ги привлечат луѓето да живеат таму.

Слично на тоа, локалните власти ги привлекоа луѓето да живеат во Сицилија, грчките острови и шпанските села.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ