Швајцарија е најдобра земја во која можете да се родите, утврди истражувањето на британската компанија „The Economisti Intelligence Unit “ спроведена во 90 земји од светот.
Истражувачите барале да откријат која земја на бебињата кои ќе се родат во 2013 година им нуди најдобри услови за здрав и среќен живот.
Швајцарците се посреќни и имаат подобар квалитет на животот отколку жителите на другите земаји.
Во 2013 година подобро ќе биде да се родите дури и во со криза погодената Грција, која се најде на 34 место, пишува Дејли Мејл.
Истражувачите во предвид земаа 11 фактори: богатство, стапка на криминал, доверба во јавните институции, добар семеен живот, положба на земјата, демогеографија, состојба на државата во однос на светската економија, културолошки карактеристики, општествен статус и колкав ќе биде доходот по жител во 2030 година кога штотуку родените деца ќе бидат полнолетни.
По Швајцарија следат Австралија, па скандинавските држави Норвешка, Шведска и Данска. САД и Германија се на 16 место, а Словенија и Србија на 32, односно 54 место.
На дното на скалилото е Нигерија.
Сликата на светот во целост е променета во однос на 1988 годину. Имено, тогаш истражувачите го спровеле истото истражување, а првото место им припаднало на САД, второто на Франција, третото на Западна Германија, додека тогашната Југославија го зазеде 39-то место.