Што се случува во нашето тело кога сме на диета?

Од:

Од секогаш сакате да имате неколку килограми помалку или мака мачите со 10 и повеќе непосакувани килограми? Поентата на секоја диета не е од неа да се излезе послаб и болен, туку да се слабее здраво. Тоа се постигнува со избалансирана исхрана.
Како нашето тело ја сфаќа диетата:

1. Моменталната состојба

Лице со вишок на килограми има зголемен процент на масни наслаги.

2. Траење на диетата

Секоја диета има некои свои одредници, меѓутоа повеќето од нив се сведуваа на исфрлување на одредена група на намирници (најчесто јаглени хидрати) или гладување. На тој начин на нашето тело му скусуваме нутриенти (хранливи материи) и бидејќи гладуваме ја трошиме мускулната маса и го исфрлуваме вишокот на вода од организмот. Токму така се создава привиден резултат, помалку килограми на вагата, помал конфекциски број, но масното ткиво останува.

3. По диетата

Знаеме дека мускулната маса троши енергија (калории), за време на диетите ги намаливме и сега нема кој да ги троши калориите, телото ќе таложи уште повеќе маснотии. Кога на сето тоа ќе се додаде и враќањето на водата, доаѓа до познатиот Јо-Јо ефект. Секој кој некогаш бил на диета се уверил во ова!

Сега е јасно зошто некои диети можат да ни направат повеќе штета отколку корист. Покрај физичките последици, диетите често имаат и психички последици, бидејќи се јавува разочарување, страв од идни неуспеси, итн.

Ако навистина сакате трајни резултати, повеќе енергија и виталност, заборавете на диетите и избалансирајте ја исхраната.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Пет утрински навики кои му пречат на слабеењето

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска