Би помислиле дека вака дисциплиниран човек сака да станува рано. Напротив, Путин спие барем 10 часа дневно, а не појадува пред пладне.
Неговиот доручек е ист скоро секој ден и подразбира омлет или каша со задолжителна доза руско бело сирење.
Со омлетот или кашата јаде јајца од препелица. Додека појадува пие сок од цеден портокал, а кафе сака да густира по појадокот и пред тренингот.
Омилена намирница му е сладолед од фстаци, а „The Independent“ пишуваше дека на кинескиот претседател Си Џинпинг му подарил кутија со овој сладолед за време на самитот Г-20.
Алкохол пие само на официјалните приеми, а затоа што алкохолизмот е проблем во Русија, на овој начин Путин промовира некој поздрав начин на живот за разлика од својот претходник Борис Јелцин.