ОВЕН
Многу се суетни, но и многу емотивни. Ако личноста која ја сакаат и почитуват ги изневери или остави тогаш плачат и зошто ја сакаат, но и бидејќи знаат дека не моажат да и се осветат.
БИК
Сеќавањето на одмината љубовна романса, за која знаат дека не може да се врати, солзите сами паѓаат по нивните лица. Патат сами со себе, со омилената музичка нумера и чашка алкохол.
БЛИЗНАЦИ
Овој знак е најголемо дете во зодијакот. Плаче ако нешто не може да добие, ниту може да превземе нешто во врска со тоа.. Каприциозни и хировити, може да се расплачат за работи кои им се сосема небитни на другите луѓе.
РАК
Нема време и место, плачат секогаш и секаде ако им дојде до тоа. Ако некој од нивните блиски и семејството е загрозен, со плачење ќе сторат се за да му помогнат, ќе ангажираат секого кој може да допринесе да го реши проблемот.
ЛАВ
Може да ги доведе до очај болес или несреќа во семејството, за која не можат да помогнат. Солзите никогаш нема да ги ронат на јавно место, но штом се сами ќе плачат до бесконечност.
ДЕВИЦА
Осетливи се на стари беспомошни лица и подеднакво кон незаштитени животни.
ВАГА
Знаат емотивно да регираат, но тешко е да ги расплачете. Не сакат сцени на јавни места. Но затоа дома можат да плачат до изнемоштување. Особено може да ги повреди заминувањето на саканата особа.
ШКОРПИЈА
Знае да заплаче на свадби, на значајни приеми, раѓање или крштевање на дете, на диломска на најдобриот пријател, на годишнин од свадба на своите родитли.
СТРЕЛЕЦ
Знаат да се расплакаат од мака, ако останат без пари бидејќи се чувствуваат беспомошни. Но поеднакво како личната сиромаштија ги растажува и неправдата во светот, голите, боси и гладни луѓе.
ЈАРЕЦ
Најчесто ќе го видите како плаче додека го држи во раце и разгледува семејниот албум со стари фотографии. Па како тоа да не им е доволно може да ја отворат потоа кутијата со стари љубовни писма или спомени од баба им и мајка им. Помладите пак можат со часови да ги прелистуваат пораките во телефонот и мејловите во компјутерот и да плачат.
ВОДОЛИЈА
Главно плачат кога “ќе влезат во дупката која сами си ја ископале“. Кога ќе сватат дека партнерот ги напуштил затоа што ветувале многу, а исполниле малку. Дека ги отпуштиле од работа, заради тоа што константно доцнеле и слично.
РИБИ
Плачат на романтичен филм и турска серија. Ако видат дека некој малтретира животно, прво ќе се расплачат а потоа ќе појдат да го искраат оној кој малтретира.