Гардијан – Лондон
Секоја година доаѓа нов бран податоци за платите во Холивуд. И секоја година тие остануваат астрономски, растат, и тоа што не е за изненадување, неизедначени. Едно неодамнешно истражување на Вараети во однос на платите во телевизиите, и на Форбс со детали за најплатените актери на филм, сведочат за индустријата која сега по се изгледа е застарена. Пример А: се уште постои јаз меѓу половите и расите, но исто и прилагодување на иднината која ја обликуваат стриминг сервисите засновани на кеш, како што се Нетликс, Амазон и Хулу.
Некои статистички податоци од овие истражувања никого нема да го шокираат. Ѕвездите од „Бубалици“ на пример, остануваат најдобро компензирани по телевизиите; по реконструкција на договорите, Кејли Куоко, Џон Галецки, Сајмон Хелберг, Кунал Најар и Џим Парсонс имаат спогодба да добиваат по 900,000 долари по епизода. А Двајт „Рок“ Џонсон, космички патник на билетарите и ѕвезда во мејнстрим акциските филмови, е повторно некаде на врвот на листата на Форбс, со наплатата на 65 милиони долари за неговата работа на филмовите „Џуманџи“ и „Бејвоч“, и во Ејч-Би-О серијата „Болерс“. Рок дојде на врвот на листата минатата година, но сега беше симнат од врвот од Марк Валберг.
Но од листите можеме да дознаеме многу повеќе отколку само колку се длабоки џеповите на актерите од А-листата: тие покажуваат, помеѓу другото, дека комплексот на Холивид по суперхерои е воглавно клуб за момчиња; декат телевизиите, како што одамна и се насетуваше, е денес поомилена кај жените за разлика од филмовите; и дека стриминг сервисите и кабловските мрежи, охрабрени од големите коцкања кои им се исплатуваат, агресивно придружуваат актери со меснати улоги и огромни суми кои некогаш ги добивале работејќи на филм.
За мажите, парите се во продолженијата и франшизите за суперхерои
Марк Валберг, кој е на самиот врв на листата на најплатени актери на Форбс, направи пробив до таму преку приходите од „Дедис хоум 2“ и „Трансформерс: Последниот витез“. Овој тренд продолжи со „Марки Марк“ а листата воглавно е составена од актери кои играат во воглавно супер-лукративни франшизи или високобуџетски филмови со суперхерои, филмови каде има сомнително малку улоги за жените. Тука е Вин Дизел воп „Судбината на фуризоните“, Роберт Дауни Џуниор во „Спајдермен: Враќање дома“, Том Круз со „Невозможна мисија 6“ Крис Хемсворт во „Тор: Рагнарок“ и Крис Прат во „Чувари на галаксијата“, како неколумина кои прилично приходно учествувале во акциони филмови и продолженија.
За разлика од нив, жените на листата заработувале во комедии или драми вредни за награди, како Ема Стоун во „ЛаЛа ленд“, Ејми Адамс во „Доаѓање“, Џенифер Лоренс во „Мајка!“, Мила Кунис во „Лоши мајки 2“ и Мелиса Мекартни во „Истерувачи на духови 2“.
Но жените и малцинствата се уште заработуваат значајно помалку
Листите на Вараети и Форбс покажуваат значаен јаз помеѓу пловите. Иако Ема Стоун ја исмна од врвот Џенифер Лоренс во титулата најплатена катерка, таа е само 15-та најплатен актер за минатата година, по 14 машки колеги кои заработиле повеќе од најплатената актерка. Покрај тоа, најплатените машки актери на листата на Форбс вкупно акумулирале 488,5 милиони долари во минатата година, додека истата жетва за жените, вклучувајќи ги Стоун, Лоренс, Џенифер Анистон, Ема Вотсон и Мекарти, заедно заработиле 172,5 милиони долари.
Ккао што заклучува Форбс, овој диспаритет има многу врска со улогата која е понудена: доброплатените улоги во франшизи на блокбастерите и во филмовите со суперхерои најчесто одат за машки актери, додека во овие категории преостануваат малку шанси за жените и актери од малцинствата. Ниту една жена од друга раса или етникум не се појавува на листата на Форбс, додека само две, Кери Вошингтон и Софиа Вергара, се помеѓу 60-те најплатени актери на телевизијата.
Едно истражување на Универзитетот на Јужна Каролина, од минатата година, открива дека во играните филмови во 2014, жените учествувале само со 28,7 проценти во главните улоги. На телевизијата, бројките маргинално се подобри но остануваат на срамежливи 40 проценти. Ова истражување исто ги анализирало и учеството на малцинствата на филм и телевизија, и забележале дека „процентот на неприсуството во главните улоги не мора значително да варира од медиумската платформа“. Тие оркриле дека само 28,3 проценти од главните улоги биле одиграни од обоени луѓе, со што се покажува непропорционалнната природа на достапни улоги за пошироката етничка слика во земјата каде скоро 38 проценти од населението се малцинства на расна основа.
Затоа тие преминуваат на телевизијата, каде оваа непропорционалност е помалку екстремна
Жестоката трка помеѓу стриминг сервисите како Нетфликс, Амазон и Хулу, плус континуирано моните кабловски мрежи како Ејч-Би-О, Шоутајм, Еј-Ем-Си и Еф-Икс, доведоа на телевизите некои од најголемите имиња во оваа индустрија: Роберт Дениро, на пример, изби како најплатен актер во драма на телевизија за шоу кое всушност и не е прикажано и сеуште нема ни наслов; тој ќе добива по 775,000 долари по епизода во идната серија на Амазон, во режија на авторот на „Силвер Лајнинг плејбук“, Дејвид Расел, и во кој ќе игра и Џулиан Мур. Само ѕвездите од „Теоријата Биг бенг“, комедија на кабловска мрежа чиј рејтинг останува недопрено висок, заработуваат повеќе.
Токму жени на возраст над 40 години искусуваат најголема придобивка од овие најголеми мрежи-сервиси
Рис Витерспун (во „Големи мали лаги“ на Ејч-Би-О), Никол Кидман (исто во „Големи мали лаги“) Сара Џесика Паркер („Развод“ на ЕјчБи-О), Дру Баримор („Диетата на Санта Кларита“ на Нетфликс) и Лора Лини („Озарк“ на Нетфликс) сите заедно заработиле најмалку по 250,000 по епизода за мали проекти; дури и Ема Стоун, најплатената актерка на филм, се префрлува на Нетликс, каде ќе добива по 350,000 долари по епизода за претстојната серија „Манијак“. Во случаите со Лини, Вотс, Паркер и Баримор, кои имаат и само три кино улоги оваа година, телевизијата овозможува не само подобар материјал за реализација, туку се и подбро платени.
Тие им се приклучија на преку 60 машки актери, меѓу кои и Дениро, Били Боб Торнтон (350,000 долари по епизода во „Голијат“ на Амазон), Џефри Тамбор (275,000 долари по епизода во „Транспарент“ на Амазон) и Сузана Сарандон и Џесика Ланг во „Феуд“, чии плати во антологиската серија на Еф-Икс сеуште не ги дознавме.
Тие исто им овозможуваат на актери кои во друг случај би потрошиле повеќе време во помали инди филмови да заработат заедно со Елизабет Мос (200.000 долари по епизода во „Прикљазни на ракотворецот“, хит серијата на Хулу).
Ѕвездите во штотуку почнатите серии се помалку платени, но добиваат големи бонуси
Кон крајот на извештајот на Вараети за заработките се наоѓаат доста помлади актери во уште понови серии, кои во дебитантската сезона, се фалени од критичари и им е искажана љубов од телата кои доделуваат награди.
Повеќето од овие серии, како што се „Ова сме ние“ на Ен-Би-Си и „Круна“ на Нетликс (со 21 номинација за наградите Еми) се поконцептуални; ансамблот на актери во нив е полн со актери кои и не се толку нашироко познати имиња, но се во подем. За нејзината улога како младата Кралица Елизабета, номинираната за Еми, Клер Фој, добила само 40,000 по епизода. А ѕвездите во исклучително популарната „Ова сме ние“, Менди Мур, Мило Вентимиља, Стерлинг Браун, Криси Мец и Џастин Харли – добивале помеѓу 40,000 и 85,000 долари по епизода за сезона од 18 епизоди.
За „Атланта“, серија која тој ја смисли, напиша, и глуми во неа, Доналд Гловер добива само 75,000 долари по епизода, иако по се изгледа тие бројки ќе растат. Оваа комедија на Еф-Икс е универзално сакана и од критичарите и од фановите, чии бројки исто растат.
Бројките наведуваат дека додека телевизијата е понаклонета дава дебели чекови за уште незапочпнати и недокажани серии во кои играат големи филмски ѕвезди (Де Ниро, Стоун, Торнтон) е разбирливо да бидат построги кога преговараат со млади актери, дури и ако нивните серии се еднакво успешни. Сега кога „Ова сме ние“, „Круната“ и „Атланта“ се докажани вредности, не треба да изненадува ако видиме тека хонорарите на нивните ѕвезди ќе продолжат да одат нагоре.