Шпанија е најпопуларната европска дестинација за одмор оваа година, а меѓу осумте први се наоѓаат и Хрватска, покажуваат податоците на Европската комисија.
Истражувањето на „Евробарометар“ открива дека хрватската туристичка понуда е на прво место според оценките на Словенците, Словаците, Чесите и Унгарците.
Односот на Европејците кон туризмот е утврден со анкетата во 27-те земји членки на Унијата, како и во Македонија, Хрватска, Турција, Норвешка, Исланд, Србија и Израел.
Најпопуларно одредиште е Шпанија, а по неа следат Италија, Франција, Австрија, Германија, Грција, Велика Британија, Хрватска.
Хрватска треба да ја израдува и процентот на Австријци кои ја сметаат за главна дестинација, бидејќи тие се на самиот врв на листата граѓани на ЕУ, кои ова година планираат да заминат на одмор.