Во повеќе градови низ светот, меѓу кои и во Њујорк, вчера се одржа традиционалниот фестивал на Дедо Мразовци.
Повеќе илјади Дедо Мразовци, облечени во нвините препознатливи црвени костуми, се собраа на Тајм Сквер во Њујорк, по повод фестивалот „Сантакон“.
И покрај екстремно ладното време Дедо Мразовците пееја, играа и на децата им делеа слатки. Како и во претходните години, и годинешниот фестивал беше организиран преку социјалните мрежи.
Фестивалот „Сантакон“ првпат беше организиран во 1994 година во Сан Франциско и од оттогаш стана меѓународен феномерн, пренесува „Њузвик“.