Широк Сокак во бело – бела ноќ во Битола со аргентинецот Хернан Катанео

Од:

Менаџерите на кафулињата лоцирани на Широк Сокак во Битола, вечер во овој град по трет пат ја организираат културно-забавната манифестација „Бела Ноќ“.

Главна музичка ѕвезда на „Широк Сокак во бело – бела ноќ во Битола“ е Хернан Катанео од Аргентина, еден од 20-те најдобри ди-џеи во светот за кого организаторите посочуваат дека е лидер на електронската музика.

– Младите од градот и регионот имаат само една обврска, а тоа е да носат бела облека бидејќи в долж Широк Сокак вечерва од 21 часот се ќе биде во бело. Овој атрактивен музички настан го организираме по трет пат и повторно со светски познат диџеј каков што е аргентинецот Хернан Катанео, информираат од организацискиот одбор.

Културно-забавната манифестација „Широк Сокак во бело“ во Битола почна во 2011 година со настап на Кирил Џајковски, а минатата ексклузивец за младите беше диџејот Давид Моралес, а годинава Хернан Катанео, ди-џејот од главниот аргентински град Буенос Аирес.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски