Шетачот на кучињата на Лејди Гага тешко ранет од разбојници

Од:

Шетачот на кучињата на пејачката Лејди Гага соопшти дека му е отстранет дел од белите дробови, откако бил ранет во градите од маж кој се обидел да ги киднапира милениците на музичката sвезда.

Рајан Фишер, одговорен за згрижување на Коџи, Густав и Мис Азија – трите француски булдози на Лејди Гага, изјави дека, сепак, брзо се опоравил по операцијата што му ја направиле поради откажувањето на белите дробови. Тој е пуштен од болница и сега е дома.

Фишер ги водел на прошетка трите кучиња низ Холивуд во февруари, кога наишол на човек вооружен со полуавтоматска пушка. Напаѓачот го ранил Фишер, и заедно со неговиот соучесник киднапирале две од нив – Коџи и Густав. Третото животинче избегало, а подоцна го пронашла полицијата.

Украдените кучиња биле вратени неповредени, од жена, најверојатно вмешана во настанот, која ѝ ги предала на полицијата во Лос Анџелес.

Полицијата сè уште не ги идентификувала осомничените лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави снимка на која Далај Лама непримерно ја фаќа Лејди Гага

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

Уапсени бандитите кои пукаа во шетачот на кучињата на Лејди Гага, се товарат за обид за убиство

Жарко Настоски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Бандити стрелаат во човекот што ги шетал кучињата на Лејди Гага

Жарко Настоски

Разбојници ги украле кучињата на Лејди Гага, го застрелале шетачот со четири куршуми

Жарко Настоски

Лејди Гага ќе ја пее химната на инаугурацијата на Бајден, ќе настапи и Џеј Ло

Жарко Настоски