Францускиот шансониер, 90-годишниот Шарл Азнавур на 4 мај ќе издаде нов албум. Тоа ќе биде негов 46 албум.
– Ако престанам да пишувам и да пејам, јас умирам, барем умирам од досада, изјави Азнавур.
Новиот албум Encore, ќе биде претставен на концерти во Париз од 15 до 27 септември.
Вистинското негово име е Шанур Вахинаг Азнавуријан. Роден е во Париз во 1924 година. Играл во повеќе од 60 филмови, компонирал повеќе од илјада песни меѓу кои и 15 на англиски, 100 на италијански, 70 на шпански и 50 на германски јазик. Продал повеќе од 100 милиони носачи на звук.