Северина со денови го најавува својот нов албум, кој што треба да излезе наскоро, а денес ги објави и фотографиите со кои најави дека „брои ситно“.
Пејачката на фотографиите е полуразголена, а голите гради ги покрива со жолт капут, додека на себе носи само црни гаќички и чорапи.
Минатиот август во јавноста протекоа фотографии од Северина на кои таа беше разголена. Отпрво таа не се огласуваше за фотографиите, но потоа се предомисли и проговори.
– Кога излегоа тие фотографии на кои бев како од мајка родена, веднаш му се јавива на Томица и му кажав тие фотографии да ги стави на омотот на албумот, бидејќи ќе се продава повеќе од овие облечените. Облечена или гола, баш сум добра женска, раскажа Северина.
Иако тоа тогаш изгледаше како шега, сепак, како што изгледа, Северна сепак на албумот ќе стави разголени фотографии.