Северина Вучковиќ ја загуби правната битка за старателството над синот Александар. Како што пренесуваат хрватските медиуми, Врховниот суд одлучил старателството над нивниот малолетен син Александар целосно да му се врати на таткото на детето.
По тој повод Северина Вучковиќ се огласи на својот Инстаграм профил.
„Моето дете живее и оди на училиште во Загреб, за разлика од неговиот татко. Се срамам од оваа држава што му прават такви работи на дете, што не смеам да зборувам за тоа за да не навредам некого. Поедноставено, ова всушност значи дека повторно ќе го видам моето дете кое го родив, одгледав и образував, кое живее со мене од раѓање, во вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд, сабота и недела. Ја поминав целата голгота на хрватското правосудство, па ќе ја поминам и оваа на Врховниот суд. Велат дека ја укинале пресудата од процедурални причини. Дали ви се допаѓаат „процедуралните причини“. Корупцијата во оваа земја исто така е смрдлива. Еднаш успеа, овој пат нема“, напиша Северина во објавата.