Северина: Ги сакам Србите, но не ми се допаѓа нивната власт

Од:

Популарната хрватска пејачка Северина уште еднаш се осврна на актуелната власт во Србија и негираше дека има негативни чувства кон Србите, пишува „Нова.рс“.

Како што наведуваат, Северина го коментирала претседателот на Србија, Александар Вучиќ како гостинка во емисијата „Конечно петок“.

„Ова е човек кој кажува апсолутни лаги, кој врши репресија во државата, кој сега апси активисти наместо некои министри што украле нешто. Наместо да се стави себе си во затвор, тој става во затвор луѓе кои се обични луѓе“ рече Северина и додаде:

„Го сакам народот, ги сакам Србите, но не ми се допаѓа нивната власт. И тогаш таа власт се однесува како – ако не ги сакам нив, не ги сакам сите. И тоа не е вистина, тоа се моите луѓе“.

Северина на крајот на август годинава беше приведена на границата со Србија и со неа припадници на српската полиција направија информативен разговор. По разговорот и е дозволен влез во Србија, но таа сепак реши да се врати во Хрватска.

„За време на сослушувањето почнаа да ми поставуваат прашања што мислам за Сребреница, Олуја, зошто ги поддржував демонстрациите против ископувањето на литиум и напишав дека ова е Србија што ја сакам, без многу објаснување. Го допреа и Јасеновац, стигнаа и до Туѓман“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Вучиќ за Северина: Зборува глупости по цел ден и кому му е гајле за тоа

Предраг Петровиќ

Адвокатката на Северина: Ја испрашувале за Сребреница, не го продолжила патувањето затоа што не се чувствувала безбедно

Хрватската пејачка Северина е приведена на српската граница

Горан Наумовски

Српско хрватска естрадна војна-се вклучи и фудбалер

Предраг Петровиќ

Карлеуша ја нападна Северина за Сребреница: „Кукло, употреби ја главата за размислување, не само за ботокс

Предраг Петровиќ

Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ повторно го делат старателството над синот