Помладата сестра на Доли Партон, Стела Партон, откри дека легендарната пејачка намерно не сакала јавно да зборува за својата болест и дека дури и дел од семејството не знаел низ што поминува.
Доли Партон почина по кратка борба со рак, а според нејзината сестра, одлуката болеста да ја чува далеку од јавноста била свесно донесена.
„Доли не сакаше никој да зборува за тоа, бидејќи не можеше да поднесе негативност и не сакаше нејзините обожаватели да се грижат. Не сакаше ниту семејството премногу да се грижи. Некои од нас знаеја, оние што ѝ беа поблиски, но не сите“, изјавила Стела.
Таа додала дека нејзината сестра би била трогната од огромната љубов што јавноста ја покажува по нејзината смрт.
Според Стела, Доли би била среќна што луѓето со својата поддршка и пораки им помагаат и на членовите на семејството полесно да се справат со загубата.
Сестрата на пејачката ги повика луѓето да го следат примерот на Доли кога станува збор за толеранцијата и почитувањето кон другите, наместо да се фокусираат на навреди, сарказам и лажни содржини на интернет.
Таа зборувала и за последните денови од животот на Доли, опишувајќи ја како една од најгрижливите личности што ги познавала.
Стела открила дека Доли дури и во моментите кога надежта за нејзиното закрепнување била мала, била подготвена да прифати експериментална терапија доколку тоа може да им помогне на други пациенти во иднина.
„Она што светот го гледаше кај неа, навистина беше така“, рекла Стела, додавајќи дека Доли искрено ги сакала луѓето и животот.
