Сергеј Трифуновиќ е уапсен во Сплит, заврши во Судот за прекршоци

Од:

Сплитските полицајци го приведоа познатиот актер Сергеј Трифуновиќ. Тој денеска го шеташе своето куче во Каштелa, па им пречеше на граѓаните кои го пријавија, пишува Слободна Далмација.

По доаѓањето на полицајците, Трифуновиќ почна да ги навредува и омаловажува, за што била потребна интервенција на полицијата, па на крајот бил приведен во полициска станица.

Пријавен е за две кривични дела, чување животно без надзор и навреда на полицајци.

Тој во моментов се наоѓа во Судот за прекршоци во Сплит, каде дава исказ.

Јутарњи лист дознава дека станува збор за германски овчар со кој Трифуновиќ си поигрувал и ги игнорирал забелешките на минувачите и граѓаните кои потоа биле принудени да повикаат полиција.

Би можело да ве интересира

Сопругата на Трифуновиќ ќе биде депортирана од Србија

Горан Наумовски

Сопругата на Сергеј Трифуновиќ е осудена според Законот за странци

Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за насилство

Горан Наумовски

Трифуновиќ осуден условно на 60 дена затвор, вратен му е пасошот на српскиот актер

Хрватската полиција бара од судот 30 дена затвор за Сергеј Трифуновиќ, одземен му е пасошот

Горан Наумовски

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски