Семејство од Квинсленд гради сопствен аеродром

Од:

На  семејството Вагнер од Квинсленд, кое ги обожува патувањата, му здосадиле бескрајните чекања на аеродромот во Бризбејн, па  одлучило да изгради сопствен аеродром.

Вагнерови, едно од најбогатите семејства во Квинсленд, вложиле 100 милиони долари за да го направат „Wellcamp Airport“, во западниот дел на главниот град Тувумба од оваа австралиска сојузна држава.

Овој аеродром со 2,87 километри долга писта може да прими дури и „Боеинг 747“ и ќе биде во употреба од втората половина на годината.

Се очекува до 2019 година аеродромот да  прима и до 500.000 патници годишно.

-Ова целонсо ќе ја промени ситуацијата во нашиот регион, цвели Џон Вагнер.

Аеродромот е примарно дизајниран за чартер услуги и локални летови, но Вагнерови патем одлучиле да ја прошират приказната.

-Разговаравме со авиокомпаниите.Бидејќи никој сам не изградил  аеродром , на почетокот тие беа скептични, но сега сфаќаат дека можат да имаат интерес во сето тоа, вели тој.

Вагнер изјавува дека на овај начин Тувамба ќе стане атрактивна дестинација во Австралија и дека „Wellcamp Airport“ ќе биде добра алтернатива за оние кои не сакаат да патуваат преку Бризбејн.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски